Два земјотреса попладнево во Македонија - сеизмолошката опсерваторија со детали

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира два земјотреса чии епицентри потекнуваат од охридското епицентрално подрачје.

 

Првиот земјотрес беше во 13 часот и 46 минути со Рихтерова локална магнитуда 3,3 и беше почувствуван во Охрид, Ресен и Струга со интензитет од IV степени според Европската Макросеизмичка Скала. Вториот беше во 13 часот и 51 минута со Рихтерова локална магнитуда 2,5 и интензитет од III степени споредистата скала во истото подрачје.

 

 

 

26.06.2017 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега