Земјотрес во три градови во Македонија - сеизмолозите со детали

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира земјотрес чиj епицентaр потекнува од охридското епицентрално подрачје.

Земјотресот се случи во 1 часот и 2 минути со Рихтерова локална магнитуда 2,8.

 

Според досегашните податоци,  земјотресот беше почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала.

 

 

 

26.06.2017 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега