Делев: ВМРО-ДПМНЕ има реализирано многу проекти во делот на екологијата важни за економскиот развој на државата

Екологијата не е веќе тренд, туку стана и потреба, еколошките проекти во иднина нема да бидат само проекти кои се важни само за животната средина, туку тоа ќе бидат важни проекти и за економскиот развој, кажа Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ, на панел дискусијата „Единствени кои инвестираат во здрава животна средина“, организирана по повод роденденот на партијата.

-Екологијата не е само тренд туку е и потреба и една свера која што во иднина ќе биде целиот економски развој на едно општество или држава како Македонија, базиран баш во делот на економијата. Еколошките проекти во иднина нема да бидат само проекти кои се важни само за животната средина, туку тоа ќе бидат важни проекти и за економскиот развој. Отпадот, менаџирањето на отпадот, менаџментот на целиот тој еколошки процес станува бизнис и тоа многу профитабилен бизнис, изјави Делев

Тој кажа и дека западните земји се повеќе работат околу отпадот и неговиот менаџмент, кој станува главен генератор на приходи.

-ВМРО ДПМНЕ подолго време размислува на овој сегмент, имаме направено неколку проекти, како проекти кои треба да се развијат, така и проекти кои веќе ги реализиравме и многу проекти кои беа дел од нашата изборна програма. Неколку само ќе напоменам. Проектите кои требаше да се направат во делот на екологијата во Македонија, беа долги, тешки, но и многу скапи. За такви проекти требаше доста време и средства, бидејќи не секогаш имавме такво искуство околу менаџирањето или подоцна имлементирањето со такви проекти, изјави Делев.

Тој напомена да имаат мини, но и макро проекти, кои придонесуваат во оваа свера. Како еден од најголемите проекти го спомена гасификацијата во Република Македонија, проект кој според неговите зборови бил многу значаен.

 

 

 

24.06.2017 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега