Вооружена драма во билетара на ЈСП во Скопје
Среде бел ден во 15 часот и 30минути, се случила рама во билетара на ЈСП. Од страна на диспечер од Јавното сообраќајно претпријатие во Единицата за известување и командување Скопје било пријавено дека во билетара на ЈСП на улицата „Љубљанска“ во Скопје, непознат сторител извршил разбојништво во обид.
Насилникот со закана со пиштол од вработениот побарал пари. Вработениот одбил да му даде пари и по радио врска побарал помош. Во тој момент сторителот побегнал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
23.06.2017 - 14:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа