Аврамопулос: Спорот со името со Скопје го намали влијанието на Атина во регионот
Во текст посветен на „новата геополитичка улога на Грција“ за грчкиот неделник „Катимерини“, грчкиот министер за одбрана Димитрис Аврамопулос пишува дека појавата на прашањето за Скопје и серијата настани кои не донесоа добри резултати го намалиле влјанието на Атина во регионот.
-Важно е да се истакне дека соседните земји гледаат на Грција како на врата кон Европската унија, но и како на модел за модерна демократија, развој и напредок“. Иако не дообјаснува со аргументи, тој повторува дека „Грција во изминатите децении имала многу важна улога како мост на земјите од Југоисточна Европа кон Европа, а преставувала и столб на стабилност во поширокиот регион, пишува Аврамопулос.
Аврамопулос пишува дека Грција се враќа во својата геополитичка средина и презема нова улога и покрај актуелната криза во Еврозоната.
-И покрај кризата во Еврозоната која се уште трае, нашата земја се враќа во нејзината геополитичка средина,преземајќи нова улога со убедливи аргументи, оставајќи ја зад себе изолацијата која во изминатите неколку години доведе до затвореност и особено негативна психологија, стои во текстот на министерот.
-Оваа нова геополитички стабилна и стабилизирачка улога на нашата земја ја носиме и во нашите односи со соседните земји, Европа и САД, без да ја оставиме традиционалната мултидимензионална надворешна политика и цели во поширокиот географски регион и светот, пишува поранешниот шеф на грчката дипломатија.
19.08.2013 - 15:27