Заглави екстрадицијата на обвинетите за маскрот во Смилковци - Демири и Исмаиловиќ уште една година на Косово?
Зглави екстрадицијата од Косово на обвинетите во случајот Монструм. Како што пишува порталот Академик, оружјето кое при апсењето било пронајдено во нивниот стан ја закочи екстрадицијата бидејќи Косово за ова дело им суди на своја територија. Како што пишува порталот, според косовските закони, најновата држава на Балканот има право да ја одложи екстрадицијата се до моментот додека случајот кој го суди косовскиот судски систем не добие свој епилог. Тоа практично би значело дека Алил Демири и Агим Исмаиловиќ може да останат во Косово и подолго од една година.
Академик пишува дека македонското министерство за правда комплетно ја завршило својата работа околу потребната документација и сите формалности за екстрадицијата на обвинетите во случајот Монструм.
Демири и Исмаиловиќ Македониај ги бара за петкратното убиство кај Смилковското Езеро од пред една година