ФОТО: НАСА сними судар на галаксии

Оваа фотографија која ја објави НАСА покажува судар на галаксии. На 60 милиони светлосни години од Земјата, НАСА успеа да сними гас на милион степени кој најверојатно настанал од судир на две галаксии.

Ова е прв пат телескопот на НАСА да забележи судар на галаксии.

Ваквите судари можат да траат и 50 милиони години, па НАСА сигурно ќе има време детално да ги проучи.

19.08.2013 - 11:45