Вооружена драма кај Трговскиот „Буњаковец"

Во 21 часот и 55 минути во Единицата за известување и командување Скопје било пријавено дека во маркет спроти Трговски центар „Буњаковец“ две непознати маскирани лица извршиле разбојништво. Полицијата информира дека со закана со пиштол од вработената одзеле неутврдена сума пари од дневниот промет, по што побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

15.06.2017 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега