Голем пожар во струшката депонија

Струшките противпожарни екипи и локалното население од утринава водат битка со пламените јазици кои беснеат на струшката депонија. Битката со пожарот започнала денеска околу 11 часот, дознава Плусинфо. 

Според извори од СВР Струга, засега е непозната причината за пожарот. Пожарот, потпомогнат од ветрот се шири долж депонијата. Густиот чад веќе започнал да им прави проблеми на жителите на околните села.  

Според првичните најави, екипите се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот.

 

 

 

14.06.2017 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега