Утре без струја повеќе скопски населби

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги известува граѓаните дека утре без снабдување со електрична енергија ќе останат повеќе скопски населби.

Од 08:00 до 10:00 часот, корисниците од улицата 14-Декември во општина Кисела Вода и од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од  улиците со бр.51 и бр.52 во населбата Стопански Двор во општина Ѓорче Петров ќе бидат без струја.

 

Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од   улиците со бр.24  и бр.100 во населбата Волково, додека од 09:00 до 15:30 часот , корисниците од  дел од улицата Франце Прешерн , поточно објектите околу куќниот бр.93.  во населбата Влае ќе останат без електрична енергија.

 

Потоа, 

од 09:30 до 15:30 часот , корисниците од дел од селото Копаница , поточно околу амбулантата и џамијата во селото во општина Сарај, како и  од 10:00 до 13:00 часот, корисниците од  дел од селото Горно Оризари во општина Бутел ќе останат без напојување со електрична енергија.

 

Во период од 11:00 до 15:00 часот , корисниците од  улиците со бр.4,бр.10 и бр,46 во населбата Кисела Јабука и од 12:00 до 14:30 часот , корисниците од дел од улицата Римска во општина Карпош ќе бидат без струја.

 

       Прекините се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони.

 

 

19.08.2013 - 10:55
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега