Скопје: Во среда авионско прскање против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека ќе изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Град Скопје,  односно:

Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2013 година, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 21.08.2013 година (среда), во период од 7 до 11 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта,  канали и стоечки водени површини во градот Скопје и во неговата околина, како и течението на реката Вардар.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.                           

 

 

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

19.08.2013 - 10:54

најчитано сега