Конечно: Охриѓанки веќе нема да се пораѓаат во Струга

 

По двегодишна пауза поради реновирањето на Акушерското одделение односно Старото болничко крило на Општата болница во Охрид, денеска се роди првото охриѓанче.

Во десет часот на реновираното болничко крило со царски рез се роди девојче, тешко 2.790 грама, долго 52 сантиметри. Лекарите и болничкиот персонал во Акушерското одделение се мошне задоволни од условите за работа во новата болница.

Акушерското одделение, заедно со одделенијата за хурургија, урологија и уво, грло и нос пред две години беа привремено преселени во Општата болница во Струга, каде и се извршуваа породувањата на охридските мајки. Сите новороденчиња во тој период додека траеше реконтрукцијата на болницата во матичната книга на родените беа впишувани како граѓани на Струга.

Инаку, целосната реконтрукција на новото болничко крило во Општата болница во Охрид веќе е завршена, инсталирана е сета мединцинска опрема и помагала, а од минатата седмица во неа почна да се вршат медицински услуги за потребите на пациентите од Охрид и околината. Се очекува деновиве по пробниот период, истата и официјлано да биде предадена во употреба

ФОТО: Охрид Њуз

најчитано сега