37- годишен маж го загуби животот во тешка сообраќајка во Прилеп

Вчера околу 16 часот и 30 минути на патот за рудникот Сивец, над вештачкото езеро во Прилеп, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Лада Рива“ (натоварено со нелегално исечени огревни дрва), управувано од 37- годишниот Б.В и патничко возило „Фолксваген Пасат“, управувано од 38- годишниот И.Ј, двајцата од Прилеп.

На местото на настанот починал Б.В., возачот на возилото „Лада Рива“. 

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Прилеп. 

 

 

 

08.06.2017 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега