Мртов маж пронајден на тераса во Скопје

Тело на починато машко лице било пронајдено вчера утрината околу 8:30 часот.

Од полицијата информираат дека на булеварот „Мајка Тереза“ спроти Институтот за белодробни заболувања, на тераса од напуштена куќа било пронајдено непознато починато машко лице.

Случајот во полицијата го пријавил граѓанин, а по извршениот увид телото е предадено на обдукција.
Засега нема информации за идентитетот на починатиот маж и причините за смртта.

 

 

 

 

08.06.2017 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега