Кумановец побарал пари од баба му, а потоа ја претепал

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 38-годишниот Т.С.  од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда при семејно насилство“. На 26.05.2017 година околу 09.30 часот во Куманово, пријавениот отишол во куќата на неговата баба 84-годишната  М.И.  и ѝ се заканил дека ќе ја убие ако не му даде пари, по што физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа и ја свиткал раката и и нанел тешка телесна повреда.

Пријавениот бил уживател на опојни дроги и подолг временски период ја малтретирал неговата баба.

 

 

 

 

07.06.2017 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега