Ципрас и Заев телефонски разговарале за спорот за името

Европската перспектива на Македонија, развивањето на македонско-грчките врски и спорот за името, се дел од темите за кои телефонски разговарале грчкиот премиер Алексис Ципрас и новиот македонски премиер Зоран Заев.

Од кабинетот на Ципрас соопштија дека грчкиот премиер му честитал за преземањето на премиерската функција во Македонија. Ципрас во разговорот ги повторил и потенцирал грчките позиции во однос на прашањето за името, а се разговарало и за перспективата на Македонија за прием во Европската унија и НАТО.

Првата официјална средба меѓу високи претставници на грчката и на новата македонска влада е планирана во текот на овој месец меѓу двајцата министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕиас.

 

 

 

 

07.06.2017 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега