Подгответе за пекол - викендов температурите близу 40 степени

Вистински пекол најавуваат меторолозите за претстојниот викенд. Најтопло ќе биде во недела кога во некои делови на Македонија ќе имаме температури над 37 степени.
Во Скопје за крајот на неделата се најавуваат 34 степени максимална температура и тешко време, со облачност но без најави за дожд.

 

До крајот на оваа недела се очекува пороен дожд уште во текот на денешното попладне за кога во најголемиот дел на Македонија е издаден и метеоаларм од жолта фаза како опасност од невреме проследено со грмотевици.

Утре се очекуваат максимални 26 степени и делумно сончево време, а од петок почнува и растот на температурите кој ќе кулминира во недела.

 

 

 

07.06.2017 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега