Утре промоција на новиот спот на Пука Козметика

 
Пука Козметика во соработка со Шутка рома рап. Пука Козметика во последниов период се актуелни со низата освојувања на музичката топ листа МТВ Адриа. Последна нумера која што се најде на листата е „Направи чекор“ заедно со Скит Скитара. Додека пак Шутка рома рап веќе се најавени дека годинава по втор пат ќе настапат на престижниот европски фестивал „Сигет“, кој се одржува во срцето на Будимпешта на островот Обуда. Тие имаат настапувано и на „Роскилде“ во Данска, како и на домашниот „Таксират“.
 
Во вторник, 30-ти април во пивница „Стар Град“ (до Црква Св. Спас), ќе се одржи промоција на видео записот за песната „Репрезент“. Станува збор за соработка меѓу Шутка рома рап и Пука Козметика.

Пука Козметика, е хип-хоп бенд каде што членуваат двајцата близнаци Жарко и Дарко Масларковски. Нивните почетоци се од 1995 година на урбаното градско подрачје на Ново Лисиче. Првиот студиски албум „Да ви го на...пука“ е снимен во 2006 година под Арена рекордс. Во 2008 година ја основаа Токсикологија Мјузик (заедно со Скит Скитара, Марија4и и Слаткаристика) со што ја започнаа хип-хоп револуцијата во Македонија. Издадоа неколку заеднички проекти : Токсикологија-4екераукц 2008, Хроник екипа 2009, Токсикологија - Елоквентни господа 2010. 

За прв пат во македонската, а можеби и на балканската музичка индустрија, во 2012 година издадоа три албуми на усб стик од 4 гб. Таму ги содржи, вториот официјален албум „Да ви го напука...пак“, „Македонија“ и „Антологија на Пука Козметика 1996-2012“. 
Од почетокот на својата кариера се препознатливи по нивните настапи во живо, енергијата и конекцијата со публика, а имале над 100 настапи и концерти на територијата на Макеоднија и регионот. Од нив го издвојуваме Хип-хоп Балкан фестивалл во Софија, Бугарија што се одржа во 2002 година, каде прв пат настапија надвор од границите на нашата земја. Потоа, Балкан хип-хоп фестивал Скопје 2010, Сливер Мун фестивал Охрид 2009, Вевчански карневал 2013. Покрај ова, имаат настапено и како предгрупа на неколку познати светски хип-хоп имиња како Busta Rhymes (2007 Софија, Бугарија) и Jery the Damaja 2006.
Албумот „Да ви го напука...пак“ содржи 15 синглови со гостување на Akil the M.C.(jurasic 5,Калифорнија, САД), Kal band (Белград, Србија), Скит Скитара, Слаткаристика, Диџеј Славе, Диџеј Је Ја, Диџеј Чваре.

Песните се снимани во студиото на Токсикологија Мјузик 2011-2012 Mix and Master - Скит Скитара, кој исто така се потпишува и како автор на музиката на неколку синглови од албумот. Останати музички продуценти се Диџеј Номадуз, Ел Марија4и, Гордан (the beat maker), Боро Лаказ, Диџеј Уан (One). Стилот на творењето на Пука Козметика не е ограничен и се движи од саунд голден ера,хип-хоп до модерен нов рап па и неколку синглови со реге флејвор.

најчитано сега