Книгите на Сашо Тасевски на голем попуст
По повод добиеното признание за најчитан автор на годината, кое го доделува Националната и универзитетска библиотека "Св.Климент Охридски", Сашо Тасевски и неговиот издавач "КУЛТУРА" ги наградува своите читатели со ниски цени на неговите најчитани дела. Сите оние кои имаат специфичен вкус и сакаат сатирично да гледаат на едно време, на еден систем во кој живееме ги повикуваме од 29.04.2013, понеделник, да ги посетат продавниците на "КУЛТУРА". Читателите својата домашна библиотека можат да ја збогатат со еден од романите на Сашо Тасевски - "Шмизла", "Пеперутка", "Угурсуз", "Аеродромци" и "Принцезата на малиот принц" за само 199 денари. Три книги од Сашо Тасевски во "Култура" ќе се продаваат за цена од 500 денари, а за сите оние кои досега немаат ниту еден од горенаведените наслови можат своето секојдневие да го исполнат со смеа за само 700 денари. Оваа промотивна акција на "Култура" ќе трае еден месец.
ФОТО: Вечер