Апсење на граничниот премин Табановце
Вчера во 20 часот на граничниот премин „Табановце“ на излез од Република Македонија со патничко моторно влозило „Волксваген Пасат“ со српска национална ознака, се пријавил Р.Б.(47) од Србија со српска лична карта.
Полициски службеници при контрола на возилото се посомневале дека е фалсификувано во делот кај ВИН бројот.
Лицето е приведено и со потврда за привремено одземени предмети, возилото е одземено.
Во 20:50 часот, со потврда за предавање на лице, лицето и возилото се предадени на СВР-Куманово за понатамошна постапка.
03.06.2017 - 12:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа