Ќе возам велосипед за да бидам здрав министер

Кога ќе стапам на функцијата министер за здравство, ќе си ги исполнувам обврските што ќе ги налага позицијата, но нема шанси да не наоѓам време за возење точак. Ова за Вест.мк го изјави идниот министер за здравство проф. Арбен Таравари. 

- Точакот ми е oдлична антистрес терапија. Ако не возам, ќе треба да пијам дијазепами, а не сакам. Не планирам да се откажам ниту од пациентите. Ќе гледам барем еднаш во неделата да бидам во амбуланта на прегледи. Не сакам да се откажам од мојата професија, вели Таравари за Вест.мк. 

Д-р Таравари е спец. невролог, кој на новата позиција доаѓа од Клиниката за неврологија. 

Освен онаа за здравство, Алијансата за Албанците доби уште една министерска фотелја, онаа за локална самоуправа во која ќе седне Сухејл Фазлиу. 

 

 

 

30.05.2017 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега