Една од најопасните змии отровници му дошла точно на нозете - а потоа шок

Ник Бишоп, американскиот авантурист во Портланд, доживеал мала незгода.

Седнал таму каде што опасната дијамнтска ѕвечарка планарила да помине, па со неа буквлано се соочил очи во очи.

Таа му дошла буквално во скут, а Бишоп избегнал каснување така што останал мирен. Се обидувал да ја тргне од себе на сите начини, па се снашол и и го одвлекол вниманието со помош на гранка.

-„Ова е доказ дека овие змии не сакаат да гризаат. Единствено што чувствуваат кога им приоѓаат е загрозеност, но сосема друга работа е кога тие сами ќе ви пријдат. Отровот и служи за лов, им значи живот, па го користат само кога тоа е нопходно.“- напишал Бишоп на друштвените мрежи откако бил поштеден од одење во болница.

Дијамантските ѕвечарки спаѓаат во најопасните змии на светот и одговорни се најголемиот број загинати од каснување од змии во САД.

 

 

 

29.05.2017 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега