Французинката која исчезна во Кичево имала афера? - Еве што мисли нејзиниот свекор
Семејството на исчезнатата Французинка Валери Бара - Незироски се вратило во Франција, пишува Канал 5. Цел месец по Валери трагаа сопругот, полицијата и француската Амбасада.
Нејзиното семејство сеуште се надева дека таа еден ден ќе се појави жива и здрава и никој не помислува на најлошото. Свекорот на Валери, Мемедали смета дека нејзиното исчезнување е последица на некоја нејзина интимна врска за која никој не знаел. Но Валери во семејството не зборувала за проблеми во бракот, пренесува Канал 5.
-Мемедали Кичево го напуштил пред 45 години. Во Париз бил градежен работник. таму оформил семејство. Таму е роден неговиот син, 40 годишниот Имер. Тој и Валери се зеле пред 20 години. Имаат син Скендер. Пред таа да исчезне во дворот со синот имала голема расправија. Следуваше голема потрага по Валери - Имер со денови го пребаруваше градот, околината и кичевското Кале - омиленото место на Валери, пишува Канал 5.