Груевски денеска ќе го прошета Скупи

 

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, денеска во 13:30 часот ќе го посети локалитетот Скупи каде е отпочната реализацијата на проектот за археолошки истражувања, конзервација и реставрација на римскиот театар.

Според најавите, премиерот Груевски ќе биде придружуван од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ.

18.08.2013 - 13:15

најчитано сега