Заев ја промовираше новата Влада

Новата Влада на Македонија ќе има 15 министерски ресорни места. Централниот одбор на СДСМ, вечерва на лидерот и новиот македонски мандатар му даде „зелено“ светло до Собранието да ги предложи следните министри, меѓу нив се:

- Радмила Шеќеринска за министер за одбрана, Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, Драган Тевдовски министер за финансии, Никола Димитров  министер за надворешни, Рената Десковска министер за образование, Љупчо Николовски министер за земјоделство, Мила Царовска министер труд и социјала, Роберт Алаѓозовски министер за култура, Дамјан Манчевски министер за информатичко општество и администрација, а Горан Сугаревски министер за транспорт и врски - изјави Заев.
 
Министри без ресор се Кочо Аѓушев, Роберт Поповски, Едмонд Адеми, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зорица Апостоловска и Зоран Шаповиќ.

Заев нагласи дека во најбрз можен рок до Собранието на Македонија ќе го прати составот на идната Влада. Рече дека до СЈО ќе прати писмо за проверка дали некој од кандидатите се под истрага, а кога ОЈО ќе биде права институција, ќе се консултираат и со нив.

Лидерот на СДСМ изјави дека со Беса се договориле за голем дел од работите, но останале ситни детали, кои не биле прифатливи за СДСМ. За Заев биле прифатливи кандидатите од Алијансата на Албанците, но ќе оставел тие да ги соопштат имињата.

 

 

 

28.05.2017 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега