Груевски со супер вести на Фејсбук - се рестатира капацитет упропастен во периодот на болната транзиција

Денес и официјално почнува со работа германската компанија „СТС Текстајлс“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

Во продолжение следува интегрален текст од статусот на Груевски.

-Нови 1.000 работни места ќе бидат отворени со инвестицијата на германската компанија, која отвора фабрика за производство на технички и индустриски текстил во Велес.

Фабриката ќе биде сместена во просториите на поранешната фабрика „Нонча Камишева“, позната како поранешна „Свилара“. Со ова уште еден капацитет упропастен во периодот на болната транзиција се рестатира. За инвестицијата во Македонија, германската „СТС Текстајлс“ ја отвори компанијата „Лутекс Македонија“.

Во почетокот ќе бидат вработени 50 лица, а во следните пет години, се планира да бидат ангажирани до 1.000 лица при што ќе бидат инвестирани до 7 милиони евра.

Повеќето од производите ќе се извезуваат во Германија, Франција, Италија и во Полска. Тоа ќе значи нов девизен прилив во Македонија, но и можност за стабилна работа за многу семејства од Велес и околината. Отворањето на нови работни места е она што го прави подобар животот на граѓаните и она што останува наш прв приоритет до последниот ден додека ВМРО ја има одговорноста да управува со државата. Нека е со среќа. Велешани како и Македонија добиваaт уште една нова фабрика!

 

 

 

27.05.2017 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега