Следи нагла промена на времето - невреме па вистински пекол, еве од кога
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне со повремен дожд, особено во крајните западни и во источните делови, на места проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието и засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен северен ветер.
Утринската температура до 10, а дневната температура ќе достигне до 22 степена.
Во недела попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Стабилизирање на времето со постепен постепен пораст на дневната температура ќе има од понеделник. Значително потопло, со температури околу 30 степени се очекува кон срединатана наредната седмица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа