Експертите за говор на телото: Првиот американски пар има сериозен проблем

Експертите за говор на тело тврдат дека многу работи можат да се заклучат после повторувањето на сцената во која Меланија ја избегнува раката на Доналд Трамп.

После сцената на аеродромот во Тел Авив кога Меланија ја оттурна раката на Доналд Трамп, целиот свет се посомнева во тоа дали се е во ред со нивниот брак. Откако истото тоа се повтори и на аеродромот во Рим, стана јасно дека нешто сигурно не е во ред со првиот пар на САД.

Некои експерти тврдат дека целиот брак на Доналд и Меланија Трамп всушност е лажен, односно неговата цел е „претстава за јавноста“.

„Во последните неколку месеци можеше да се види како Доналд чекори напред и ја остава зад себе Меланија. Тој сакаше луѓето да го видат како претседател, а не како дел од претседателскиот пар“, објаснува експертот за невербална комуникација, Пети Вуд.

Неодамнешните избегнувања на Меланија да го држи за рака Доналд Трамп јасно покажале дека таа не сака блискост со него, односно тоа покажало дека некои работи се промениле откако тие се вселиле во Белата куќа. Според експертите, од среќна и самоуверена жена, Меланија се претворила во несреќна придружба на Доналд.

 

„Пред да дојде на власт, нивниот однос беше полн со „контакти“, а тоа го откриваа нивните бројни допири во јавноста на многу слободен начин. Меланија тогаш сјаеше со самодоверба, се смееше и чекореше самоуверено покрај својот сопруг. Тоа повеќе не е така“, вели Вуд.

 

„Таа е жена која што е навикната нејзиниот партнер да ѝ обраќа внимание и да ѝ искажува емоции, а нејзиниот говор на тело значително се промени во последните неколку месеци. Денес Меланија е со спуштени рамена , без насмевка на лицето, со замислен и дистанциран поглед, малечка и несреќна“, изјави Вуд во анализата за британски „Индепендент“.

Постојат бројни сведоштва како и докази дека новиот американски претседател и нема некое високо мислење за жените. Поради тоа, експертите сметаат дека нивниот брак е всушност „политички брак“, затоа што евентуалниот развод би му наштетил на угледот на Доналд Трамп и секако тоа не е во негов интерес.

 

Докази дека нивниот брак е „политички брак“ пристигнуваат од извори блиски до Доналд и Меланија кои што за американските медиуми откриваат дека тие живеат дури и во различни градови и не го делат креветот дури и кога имаат прилика за тоа.

 

Семеен пријател на семејството Трамп за "US Weekly" открил дека „тие секаде имале одвоени соби и никогаш не ги минувале ноќите заедно, баш никогаш“. Според семејниот пријател Меланија сакала што е можно помалку да има работа со Доналд и воопшто не била заинтересирана за неговата функција.

 

 

 

26.05.2017 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега