Како шпанска сапуница: Српската пејачка ќе му пее на бившиот на свадба

Жељко Ристиќ, поранешното момче на познатата српска пејачка Весна Змијанац, ќе стапне на лудиот камен, а на свадба ќе му пее ни помалку ни повеќе туку токму таа. Змијанац која е поранешна вереница на Жељко, ќе пее на неговата свадбена веселба, а српските медиуми велат дека оваа вест е потврдена, иако изгледа како шпанска серија.

- Весна Змијанац ми пее на свадба, сериозен сум, таа е најдобра пејачка, има хитови. Тоа веднаш го реков штом решив да се женам, вели бизнисменот.

Изгледа поранешните љубовници навистина се преболеле.

 

 

 

 

26.05.2017 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа