ВИДЕО: Синди и Маријана се скараа во „ГБ Магазин“

 

Поранешната членка на групата „Моделс“ прв пат се појави пред камерите по исфрлувањето од  реалното шоу, но сепак кавгите продолжија.

Видно лута поради тоа што го видела како излегува од „Големиот брат“, Синди се појавила во емисијата „ГБ магазин“, на реалното шоу за да објасни некои работи кои и се случувале.

Но, водителката Маријана Мичиќ постојано и влегувала во збор. Таа изјавила дека многу нејзини зборови од кавгата со Невена биле исфрлени во монтажата, но водителката инсистирала на на тоа дека сепак истите се прикажале.

 

„Мислам дека е многу полошо што таа мене ми рече „дроља“ од она што јас и реков дека има целуит, изјавила Синди, а кога Маријана ја прекинала, пејачката не сакала да замолчи, па водителката и рекла:

„Дали тоа го научи напамет? Изгаснете ја!

најчитано сега