Се огласи и шпанското Министерство за финансии: Роналдо ги лажел даночниците – му се заканува затворска казна од 5 години

Шпанското Министерство за финансии ги потврди наводите на шпанската Даночна управа, која на државното обвинителство му пратила документ во кој наведува дека ѕвездата на Реал не платила данок од 2011 до 2013 година.

Се чини дека Лео Меси и Кристијано Роналдо се следат во чекор. Дриблајќи и давајќи голови на теренот, но и надвор од него.

Меси и неговиот татко ги осудија поради затајување данок, ѕвездата на Барса доби условна казна, а слично сценарио го очекува и неговиот ривал од Реал Мадрид.

Шпанското Министерство за финансии ги потврди наводите на шпанската Даночна управа, која на државното обвинителство му пратила документ во кој наведува дека ѕвездата на Реал не платила данок од 2011 до 2013 година.

Прво се споменуваше цифра од осум милиони евра, но Марка пишува дека би можело да се работи и за 15 милиони евра за три години. Министерството за финансии објави дека за тоа е пропишана казна од две до шест години, што би можело да се претвори единствена петгодишна казна затвор. Се разбира, се очекува Португалецот да не заврши во затвор, исто како и Меси.

Ако ја признае грешката и го плати она што го должи, затворската казна веројатно ќе му се преиначи во условна.

-Потпишував нешто, но немам појма што, кажа Меси на суд. Останува да видиме што ќе каже Роналдо.

Според шпанскиот закон, казната затвор за ненасилно злосторство помала од две години, може да се преиначи во условна. Шпанските медиуми пишуваат дека Роналдо за ова што се терети, со негово признавање и плаќање на долговите, би требало да добие казна од околу 15 месеци затвор.

 

 

 

25.05.2017 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега