Шокантен пресврт во истрагата за Јелена: Откриено кој е мистериозниот маж по кој трага полицијата

Новите детали за истрагата за убиството на пејачката на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, прават вистински пресврт. Новите детали и истрагата покажуваат дека мистериозниот велосипедист по кој се трагаше со месеци бил всушност сопругот на Јелена, Зоран Марјановиќ, кој на почетокот беше еден од осомничените.

Снимките од сигурносните камери покажале дека мистериозниот маж е всушност сопругот, а со ова инспекторите никогаш не биле поблиску до решение на случајот.

За потсетување, уште на почетокот на истрагата полицијата бараше маж кој бил забележан на насипот на 2 април и тоа со велосипед, кога беше убиена Јелена. Тој беше фоготрафиран со блузон со црна капа.

Инаку, бруталносто убиство се случи минатата година на насипот кај Борча, во Црвенка.

 

 

 

25.05.2017 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега