На почетокот на Јуни Црна Гора ќе стане членка на Нато

Во почетокот на јуни, Црна Гора ќе стане 29-та членка на НАТО, соопшти генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на прес-конференција во Брисел пред утрешната средба на НАТО.

„Земјите од НАТО го завршуваат процесот на ратификацијата на протоколот за пристапување на Црна Гора. Ние ќе го поздравиме на самитот премиерот на оваа земја, очекуваме таа да стане 29-та членка на НАТО во почетокот на јуни“, рече тој.

Подгорица доби план за влез во Алијансата во 2009 година и доби официјална покана на 2 декември 2015 година.

Преговорите за пристапување завршија во мај 2016 година, а локалниот парламент одобри влез во НАТО на 29 април 2017 година.

 

 

 

24.05.2017 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега