Попладнево се најавуваат грмотевици: Ова никако немојте да го правите кога грми

Во последно време се почесто сме сведоци на смртни случаи предизвикани од ударот на молња.За да не станете и самите жртва на ваква несакана несреќа потребно е да знаете како да се однесувате кога надвор грми.

Она што е познато е задолжително да ги исклучиме од струја електронските уреди како што се радиото, телевизорот, компјутерите, како и апаратите за домаќинство. Меѓутоа,што треба да се направи со мобилниот телефон?

Стручњаците се поделени околу тоа дали мобилните телефони привлекуваат молњи (громови), но сепак предупредуваат дека кога има невреме треба да се исклучат.

– Голем ризик е до себе да се држи вклучен мобилен телефон, бидејќитој е извор на електромагнетни бранови кои создаваат пат за атмосферскиот електрицитет. Кога грми опасен е секој спроводник во кој се наоѓа метал. Дури поставените изолации се често безпомошни, бидејќи громовите ги премостуваат – вели за српски „Блиц“, Млаѓан Ќуриќ, професор од српскиот Институт за метеорологија.

Други стручњаци ,сметаат дека не е опасен самиот мобилен телефон, чие зрачење е зголемено единствено при неговото вклучување или гасење, и дека поопасно е местото на кое човекот се наоѓа. Тој директно е изложен на опасност ако стои на отворено и ако ја претставува највисоката и најистакнатата точка во околината.

Стручњаците во Институтот во Винча правеле експеримент на напуштен далековод кој одел преку една планина. На еден столб ставиле радиоактивни  извори за громови, а на другиот, оддалечен стотина метри, не ставиле. Го мереле бројот на удари на двете места  и потоа го поместиле изворот. Се покажало дека тој извор немал никаков удел, туку било пресудно колку квалитетно било заземјувањето на столбовите. Громот попрво ќе удри во силно дрво со голема влажност и во коренот ,отколку во исушено дрво на сув терен, без силно заземјување.

Подрачјето на Балканот се наоѓапод влијание на циклон од Средоземјето кое донесува  облачно време со дожд, врнежи и грмотевици во попладневните и вечерните часови. Последните денови на мај и во првата половина на јуни повторно ќе има врнежи и грмотевици.

-Тоа е нормална појава за ова време во годината.Слично време може да се очекува цело лето, а најмногу во мај, јуни и јули. Јуни секоја година е најдождливиот месец – изјавува српскиот метеоролог Недељко Тодоровиќ.

 

 

 

 

24.05.2017 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега