Уште две лица повикани во полиција за инцидентите во Собрание

49-годишниот Ц.Г. и 33-годишниот П.И. од Скопје, вчера биле повикани во полиција во врска со нередите во Собранието на 27 април.

Како што соопшти МВР во дневниот билтен, по извршените  разговори и земените отпечатоци, тие биле слободени, а во консултации со јавен обвинител ќе им биде поднесен соодветен поднесок.

Поканата во полиција, наведува МВР, следувала по преземените мерки и активности на Единицата за насилен криминал во СВР Скопје, која извршила преглед на видеозаписи за идентификување останати лица кои во инцидентот во Собранието презеле дејствија со елементи на кривично дело.

 

 

 

24.05.2017 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега