Евакуиранo училиште во Сараево поради дојава за бомба

Сите ученици и персонал во Средното машинско училиште во Сараево се евакуирани изутрината поради дојава за поставена бомба, соопшти босанското Министерство за внатрешни работи.

-Околу 8 часот и 40 минути примена е дојава за поставена бомба во просториите на училиштето. Евакуирани се сите простории во оваа установа, а нашите екипи се на терен. Засега не е пронајдено ништо сомнително, велат од полицијата.

 

 

 

24.05.2017 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега