На скопјанка и понудиле работа па и се заканувале со порно фотографии

32-годишниот В.Г. од Скопје заработи кривична пријава бидејќи во март годинава се запознал со скопјанка, а подоцна и понудил работа во приватна клиника, а дополнително и наговестил дека ќе ја вработи како домаќинка кај службеник од странско дипломатско претставништво. 

Подоцна, откако таа на социјалната мрежа Фјсбук почнала да се допишува со В.Г. тој и побарал да му прати фотографии со компромитирачки материјал. Откако ги добил започнал да и се заканува и да ја уценува девојката.

Минатиот месец и побарал 500 евра, но таа му дала само 300 евра. Сепак, тој продолжил со уцените и заканите. Подоцна, девојката на заканувачот му дала 6.000 денари, пари кои биле маркирани од крим-техничари на МВР. 

 

 

 

22.05.2017 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега