Драма во Скопје: Му заѕвонеле на врата, отворил па се разбудил во Брза помош

 

Во 01 часот и 50 минути 28-годишниот И.Д. телефонски пријавил дека на улицата „Радика“, од страна на непознат сторител му било извршено разбојништво. Насилникот, како што информираат од полицијата, заѕвонел на влезната врата од станот на И.Д. а откако тој излегол, со тврд предмет бил удрен по глава, по што насилникот влегол внатре и му го одзел мобилниот телефон и околу 500 евра.

Нападнатиот со возило на Итна помош е префрлен во Ургентен центар Скопје, а се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

22.05.2017 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега