Божиновски: На изборите на 11 декември најголем губитник беше ДУИ и не се знае дали БЕСА ќе биде дел од коалицијата

 

Универзитетските професори и политички аналитичари Жидас Даскаловски (Директор на Центарот за истражување и креирање политика) и Владимир Божиновски (Правен факултет) гостуваа во „ОКО“ со Горан Петрески.

„На изборите на 11 декември најголем губитник не беше ВМРО-ДПМНЕ туку ДУИ“, изјави Владимир Божиновски во „ОКО“ на ТВ Нова.

Тој додаде дека ДУИ со декларацијата, односно, т.н. Тиранска платформа успеал да се врати како главен играч на политичката сцена помеѓу етничките Албански партии.

„ВМРО-ДПМНЕ горе-доле ги задржа истите гласови што ги имаше и пред осум години, додека ДУИ ги изгуби и тие од пред три години“, истакна Божиновски.

„Претпоставувам дека новата Влада ќе биде формирана и пред рокот, иако најавите се до следниот петок“, истакна Владимир Божиновски во „ОКО“ на ТВ Нова.

Тој додаде дека се уште коалициите не се начисто, затоа што не се знае дали БЕСА ќе биде дел од коалицијата.

 

 

 

 

21.05.2017 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега