ВМРО-ДПМНЕ: Реализиравме проекти за добро на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение наведува дека во изминатиот период реализирале низа проекти коишто ги ветиле пред граѓаните, додека единствената цел на СДСМ е разнебитување на државата и поткопување на уставниот поредок.

Во соопштението се посочува дека денес свечено ќе биде отворен новиот објект на Македонската филхармонија, потпишан е договор за нов Клинички центар и оти во тек е изградбата на автопатите Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид и реконструкцијата на патот Велес – Штип и автопатот Скопје – Куманово.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека денововиве почнала и исплатата на земјоделските субвенции и оти во изминатите 10 години е помогнато земјоделството со над една милијарда евра субвенции. 

- ВМРО-ДПМНЕ и понатака ќе остане во функција на граѓаните, штитејќи ги нивните национални, граѓански и локални интереси. Разликите помеѓу посветеното работење на ВМРО-ДПМНЕ и анти-државното делување на СДС се дијаметрални и евидентни. Затоа СДС и Зоран Заев на наредните избори ќе доживеат катастрофален пораз, се вели во соопштението.

 

 

 

21.05.2017 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа