Внимавајте: Годинава се разбудија порано- наезда од змии во Штип

Наместо во Јули или Август, наезда на змии во Мај во Штип. Објаснувањето на граганите, особено оние кои живеат на падините од Исарот, еден од маркантните белези на градот, несаканите средби со влекачите ги препишуваат како резултат на климатските промени...

Седеме со еден колега надвор во дворот. И кога нешто ни затропа од таванот од мојата шупа, што е лепенка на куката во која живеам. Од почеток не реагиравме, мислејки дека се мачки, но од дупките, бидејки таванот не е бетонска плоча, но сламарица, се појави темно кафеав змииски опаш. Веднаш срипав, без многу размислување го фатив и пробав да го извадам, но змијата силно даваше отпор. Некако успења да ми се измолкне од раце и веднаш побегна по таванот во блиските грмушки, бидејки мојата куќа е од последниот ред куки на Исарот. После неив, е само трева и карпи кон врвот од ридот. Вака својата во наводници змиска приказна ја раскажа Бојан Димитриев – граѓанин на Штип.
-      Тука помегу цвеќињата од дворот, замина, ама беше мала, тенка но долга околу половина метар. Исплашена, бргу се скри во купот камења и остаток од материјал од штотуку ново бетонираниот двор. Им реков на моите да не ја вознемируваат бидејки самата ке си отиде. Како што успеав да забележам, змијата не беше отровница, но темно0 кафеава на грбот, ја дополнува својата змиска приказна соседот на Димитриев, Драган Трајчов.

Обично змиите од Исарот се наоѓаат на вакви сенковити, но запуштени места, руини од некогашни куќи, одводни цевки, мегукуќни теснеци, бегајки од жешкиот дел од денот. Ако некогаш тоа биле месеците Јули и Август сега поради климатските промени и овој  месец – Мај се додава на листата на месеци кога влекачите се помеѓу штипјани.

 Но, од друга страна граганите од Исарот можеби се единствените не само во регионот , но и пошироко, кои имаат сосем различен однос кон змиите. Особено, од родот смок. Наместо да ги убиваат, тое ги сметаат за домашни чистачи на домот од глодари.
 
- Тој смок да не го вознемируваш, ниту да го бркаш од својот дом. Нема никому од вас да наштети, а, гарантирано за кратко време домот ке ви го исчисти од глодари. Кога ке ги снема , тогаш и тој си заминува, објаснува Димитриев.
 
Оваа условно кажана змиска сезона започна со два случаја на хоспитализирање на пациенти на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница. И двакцата за срека се вон животна опасност, средовечни граѓани од радовишкиот регион. Потребниот серум, противотровот од змиско каснување го има во доволни количини.
- Да имаме доволно количини од серум, но останува препораката, доколку се случи укасување од змија, ништо да не се пртевзема, освен што побргу транспортирање на укасаното лице до најблискиот здравствен дом, апелира прим. Д-р Глорија Карагозова – началник на Инфективно одделение во Клиничка болница Штип.
 
Засега, односот штипјани – змии е без знаци на нарушување на штета на граѓаните, но претпазливоста од случајни несакани средби со нив да остане на високо ниво, апелираат надлежните... 
Извор: Канал 5
 

 

 

20.05.2017 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега