Специјалец од Струга добивал заканувачки пораки, му оставиле и куршум

 
Ноќеска во 00.10 часот во полициската станица од Струга, вработен во Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“.
 
Имено, вчера во периодот од 21.00 до 23.00 часот пред неговата семејна куќа, од страна на непознато лице на патничко моторно возило „БМВ“, сопственост на неговата мајка, било оставено ливче со заканувачка порака и еден куршум калибар 9мм.
 
Исто така, на 07 овој месец година на неговото возило пронашол лист со заканувачка порака, но тој настан го пријавил само на неговото работно место.
Полициската станица во Струга презема мерки за целосно расчистување на случајот.
 

 

 

20.05.2017 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега