Загинаа во прегратка, најтажната приказна: Пред 24 години на овој ден ги убија сараевските „Ромео и Јулија"

Денеска се навршуваат 24. години од смртта на босанските Ромео и Јулија, чија љубовна приказна и денес се прераскажува. 

Сараевските Ромео и Јулија, Бошка и Адмир, се убиени на 18. мај 1993. година, додека заедно се обидувале да го напуштат опколениот град. Смртта ги дочекала на мост, каде прво куршум од снајпер ја погодил девојката, а потоа и момчето.

Адмир починал на лице место, а крвавата Бошка се одвлекла до него, го прегрнала и починале заедно.

Седум дена никој не се осудил да ги тргне телата на настраданите заљубени Босанци. По војната, нивните тела биле префрлени во Сараево и тие биле заедно испратени во вечниот дом.

На местото каде се убиени денес не постои никакво обележје или споменик.

 

 

 

18.05.2017 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега