Македонец отишол во Србија да посети роднини, но загинал во сообраќајка

70- годишен маж од Македонија загинал во сообраќајка која се случила во селото Палја, кај Сурдулица.

Потпаролот на полицијата во Врање, Драган Стамековиќ, соопштил дека државјанинот на Македонија со патничко возило „застава„  пристигнал во Селото Палји, на 15- ти Мај.

Тој таму заминал во посета на роднини, но настрадал во сообраќајна несреќа.

Два дена откако се случила несреќата, никој не знаел каде се наоѓа, па дури потоа е најдено неговото безживотно тело во близина на селскиот пат- пренесува српски „Блиц„

 

 

 

18.05.2017 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега