Кроисниците ќе полудат од среќа- Инстаграм со никогаш подобри новитети

Инстаграм конечно донесе новитет кој многумина долго го чекале. Иако засега сериозна конкуренција им е Снепчет, оваа друштвена мрежа не дозволува да се симне од тронот.

Новите филтери кои го красат Инстаграм се водат по наслов „Fejs filters“, а станува збор за илустрација, која ќе ви овозможи да имате нос и уши на куче, маче итн.

Уште еден новитет се „хаштаг стикери“ и „гумичка за бришење“.

За да ги користите новите опции, треба да го апдејтирате Инстаграм и во долниот десен агол да ви се појави смајли, кои ќе ви ги отвора филтерите за илустрација. Што се однесува до хаштагот и гумичката за бришење, тие се наоѓаат на горниот десен агол.

Гумичката може да ја користите за да избришете некој цртеж кој сте го направиле, а не ви се допаднал, или да откриете некој дел од фотографијата. Да појасниме:

Направите фотографија, кликнете и држите подолго додека целиот екран не се исполни со боја, потоа пуштете и земете ја гумичката и можете да откриете делови од фотографијата.

Уште една опција која ја нуди Инстаграм апдејт е „премотување“. Ако сакате да користите „бумеранг“, ќе ви се допадне и оваа опција, која дозволува да снимате наназад. Се наоѓа до „бумеранг“ и „хендс фри“ алатките.

 

 

 

17.05.2017 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега