Иванов: Тиранската платформа постои и таа беше услов за создавање на мнозинство

Како сакате кажете ја Тиранксата платформа, но самата слика во кабинетот на премиерот на Албанија и присуството на лидери на партии од Македонија во тој кабинет се кажува дека нешто се постигнало, истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

-Во јавноста не само фотографијата, излегоа и сите тие прашања за кои требаше да бидат услов за да се создаде мнозинство, вели Иванов.

На прашањето зошто Иванов смета дека албанските политички лидери од Македонија биле во Тирана, а не кај него тој вели:

-Можеле истото тоа да го направат и кај мене, меѓутоа чувствувале дека не можат и еве сега јавно ги прашувам зошто не дојдоа во мојот кабинет, туку отидоа во Тирана, запраша Иванов.

 

 

 

17.05.2017 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега