Светот во паника- еве што може да направи новата севернокорејска ракета

Северна Кореја во неделата го лансирала новиот балистички проектил "хвасонг 12", кој е прикажан на воената парада минатиот месец.

Тоа е десеттата ракетна проба на Пјонгјанг оваа година, а "хвасонг 12" има најголем дострел до сега. Оваа проба била успешна, а тестираната ракета може да носи и нуклеарна боева глава. 

Лансирањето било надгледувано лично од Ким Јонг Ун. Државните медиуми во Северна Кореја наведуваат дека ракетата летала 787 километри и дека достигнала висина од 2.111 километри. Тие бројки отприлика се поклопуваат со извештаите на американските и јапонските службеници. 

Тоа значи дека ракетата летала многу високо, што овозможило да не лета преку некои други земји. За да лета со стандардна траекторија и висина се проценува дека би имала дострел од околу 4.500 километри. Тоа значи дека во нејзин дострел е американската база во Гуам, наведува BBC.

Северна Кореја соопштила дека станува збор за моќен проектил кој може да понесе "голема и тешка боева глава". 

 

Експертот за одбрана, Мелиса Ханам за BBC вели дека таквото соопштение остава многу можности. Можно е Пјонгјанг уште да не успеал да произведе компактна боева глава, како и тоа дека новата боева глава ќе биде претставена во иднина. 

 

 

 

 

16.05.2017 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега