Повторно одложена седницата за избор на шеф на скопското Обвинителство

Советот на јавни обвинители денеска по втор пат ја одложи седницата за распишување на оглас за избор на шеф на скопското обвинителство откако истече мандатот на обвинителката Гордана Гешковска. 

До изборот на нејзин наследник, функцијата ќе ја извршува нејзиниот заменик Јован Цветановски. 

Беше одлучено наредната седница да се одржи на 25. мај.

 

 

 

 

16.05.2017 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега