ВМРО-ДПМНЕ: Најдобро за државата и за граѓаните ќе биде заедно со локалните да се организираат и нови парламентарни избори

 

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш јавно го покажа својот став дека почетокот на јули беше најповолниот датум за одржување на локалните избори, бидејќи во интерес на граѓаните е час поскоро да изберат локална власт која ќе реализира проекти за нивните потреби,велат од партијата.

Парламентарното мнозинство сметаше дека нивен партиски интерес е да го пролонгира терминот и практично да го избере последниот што сметавме ние дека е рационален. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да излезе на избори и во јули и во октомври бидејќи знаеме дека народот е на наша страна и ја поддржува политиката која подразбира реформи, проекти и заштита на државните и националните интереси.

Очекуваме дека новото парламентарно мнозинство овој пат ќе си остане на зборот, бидејќи во спротивно ризикува поради нивната неподготвеност да ја доведат во прашање локалната самоуправа како една врвна демократска придобивка и право на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ повторно посочува дека доколку парламентарното мнозинство собере храброст, најдобро за државата и за граѓаните ќе биде, да се согласат заедно со локалните, на ист трошок, да се организираат и нови парламентарни избори. Токму на ваков начин граѓаните ќе може да се произнесат и за постизборната измама која им ја спакува СДС во декември и да кажат што мислат за Тиранската Платформа која СДС ја прифати.

СДС и неговите партнери треба да ја прифатат реалноста и да го видат револтот на граѓаните поради нивната деструктивна политика. Секој нов обид за неуставни и незаконски потези, само дополнително ќе ја продлабочат кризата во Македонија.

Почитувани,

ВМРО–ДПМНЕ како што најави денес, не присуствуваше на координацијата во Собранието на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Талат Џафери не е избран во легална процедура за претседател на Собранието и тој таа функција само бесправно ја узурпира. Талат Џафери е избран на целосно незаконски, неуставен и неделовнички начин. Тој за ВМРО-ДПМНЕ останува само пратеник, бидејќи така е избран легитимно од граѓаните и ние тоа не го оспоруваме.

 

 

 

15.05.2017 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега