Трет циклус саеми за вработување од 18 мај

Трет циклус саеми за вработување ќе се одржат од 18. месецов до 15. следниот месец во шеста града во државава на кои работодавачите ќе ги претстават нивните потреби за работен кадар, а невработените ќе имаат можност директно да се информираат за условите за вработување.

Со саемскиот караван се опфатени Скопје, каде се предвидени саеми на 18 мај и на 15 јуни,  Штип (26 мај), Кавадарци (30 мај),  Битола (6 јуни),  Тетово (8 јуни) и Струмица на (13 јуни).

- Преку директен контакт со работодавачот лицето кое бара вработување да види што се бара, колку се бара, колку е тоа платено, односно што нудат работодавачите и какви се работните места. Може да остават свое си-ви  на кое се надевам дека во наредниот  период ќе  биде позитивно одговорено од работодавачите и ќе бидат поканети на интервју и можеби ќе бидат вработени, рече денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Тој упати покана до младите да дојдат на саемите и да видат што се бара за кога ќе се запишуваат во средно училиште или на факултет  да изберат образование со кое во иднина ќе имаат можност  за вработување кај некоја од компаниите.

На претходните два циклуса со по осум саеми за вработување  над 79.000 посетители оставиле 21.190 биографии пред учествувале 734 работодавачи. Тие контакти резултирале со најмалку 2.500 вработувања,  која бројка според Поповски е многу поголема со оглед на доставените биографии.

- Се надевам дека постигнавме ефект младите да не одат кон општествените, туку кон техничките науки, бидејќи  примарно она што го нудат работодавачите се работни места за технички науки, каде и платите во следните неколку години ќе растат, рече Поповски. 

Невработеноста на младите, како што рече Поповски, се намалува, но се уште е висока. Пред четири години изнесувала 50 проценти, а сега е 46 до 47 проценти. Голем број од младите, појасни, завршија општествени науки закои имаат мала понуда на работни места. Затоа се овие саеми сакаме да направиме промоција  на работните места  кои имаат иднина во смисла на брзо вработување по завршување на образованието.  Формиравме мерки со кои им даваме можност ако веќе отишле во општествни насоки и сакаат да се вклучат во другиот  дел каде има работни места тоа да го направат преку краткотрајни обуки, за субвенции, практикантство, добивање сертификати за познавање странски јазици и ИТ вештини... Најголем ефект, според Поповски, имала мерката практиканство, бидејќи над 62 проценти од  младите се вработуваат по три месеци практична работа.

 

 

 

12.05.2017 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега